Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, три неисправни во Гостивар

Од:

Денеска во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња, информира МВР.

– При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема. На возилата-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека 1 возило е исклучено од сообраќај. Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР