За брзо возење 474 санкции на територијата на цела држава

Од:

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

– Санкционирани се 474 возачи. Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место, информира МВР.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози