Скопјани силувале француска државјанка

Од:

Дваесет и две годишна Французинка синоќа во полициската станица Центар пријавила силување од четворица скопјани.

Според тоа што го кажала, била во дискотеката Колесеум каде од едно момче и бил понуден пијалок кој го прифатила. После дваесетина минути момчето ја фатило за рака и со сила ја изнело од дискотеката, ја качил во такси и ја однел во хотел каде што ја силувал.

Веднаш потоа, момчето повикало уште тројца негови пријатели кои дошле со црвен автомобил и ја однеле на паркинг во близина на хотелот, каде ја силувале уште двајца од нив, а третиот само седел во возилото.

Француската државјанка во полициската станица тврдела дека најверојатно во пијалокот нешто и било ставено бидејќи немала сила да се брани и да вика. Полицијата трага по четворицата скопјани.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип