Во пукање во Визбегово повредено едно лице

Од:

20-годишник од Скопје е повреден по пукање кое се случило вчера вечер во селото Визбегово. Добил провреди во нозете и е пренесен на лекување во болницата „Св Наум Охридски“ информира Министерството за внатрешни работи.

– На 28.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок