Белорусија го прошири ембаргото: забранет увоз на храна и од Србија

Од:

Белоруската Влада донесе одлуката со цел „да обезбеди заштита на националните интереси на Белорусија“, со која ги вклучи Србија и Лихтенштајн на списокот на земји кои подлежат на ембарго за прехрамбени продукти, што Минск го воведе како одговор на санкциите од Западните земји. Документот број 51 од 27 јануари е објавен на правниот портал на Белорусија, јави дописникот на МИА од Белград.

Белорускарта влада на 1 јануари годинава воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од „земјите кои водат непријателска политика кон неа“.

Согласно владината уредба „За примена на посебни мерки за одредени видови стоки“ донесена во декември 2021 година, забраната за увоз се однесува на голем број производи од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Обединети Кралство, Црна Гора, Швајцарија.

На списокот на храна чиј увоз е забранет се месните производи, кондиторските производи, млекото и млечните производи (со исклучок), јаткасти плодови, овошје, зеленчук, живи свињи, животински масти, кондиторски производи и друго.

-Ембаргото нема да важи за храна за бебиња и други производи. Одредбите важат шест месеци. Во случај на натамошна негативна динамика на односите, листата на забранети производи може да се дополни, се наведува во соопштението.

Кон петтиот пакет санкции на Европската унија против Белорусија, кон крајот на декември минатата година се приклучија и Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Република Србија се приклучи на санкциите на ЕУ против властите во Белорусија. Белград ја поддржа декларацијата на Европската унија со која се осудува Минск за „насилно приземјување авиони на Рајанер и апсење на опозицискиот лидер Роман Проташевич“.

Александар Лукашенко на 7 декември зборуваше за Србија на средбата со почесниот конзул на Србија и бизнисменот Драгомир Кариќ.

-Што се однесува до работата со Србија, пренесете ги моите најдобри желби на претседателот (Александар Вучиќ). Бевме добри пријатели и ќе продолжиме да бидеме. И за нашиот брат Вучиќ и за српскиот народ. Тоа се наши луѓе, кажа Лукашенко, додавајќи дека „ние ја чувствуваме поддршката од Србија. Сега најважно е да преживееме“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија