Грчкиот бродски магнат Викторас Рестис уапсен поради измама

Од:

Еден од најголемите бродосопственици и инвеститори во Грција Викторас Рестис е во притвор, откако против него беа покренати обвиненија за измама и перење на пари.

Атинскиот суд вчера соопшти дека 45-годишниот бизнисмен е испратен во притвор, пред да биде изведен пред истражните органи.

Тој ќе мора да одговара за кусокот 5,8 милиони евра од заеми дадени од грчката ФББ (First Business Bank) која била контролирана од неговото семејство, пред да биде затворена претходно оваа година.

Рестис беше приведен на распит во вторникот, но тогаш категорично ги отфрли сите обвинувања, велејќи дека се „неосновани“ и се базираат на лажни тврдења на поранешен негов вработен.

Доцна синоќа бродскиот магнат е приведен повторно и ќе остане во притвор се до завршување на истрагата.

Рестис поседува неколку бродови и медиумска компанија, како и 40 отсто од акциите на грчкиот весник „Прото тема“. Тој е меѓу финансиерите на „Карфур Бугарија“ и познатиот црногорски туристички проект во Свети Стефан.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица