Продолжува појавата на оштетување регистарски таблички во Грција

Од:

Граничната полиција на 24 и 25-ти овој месец регистрираше два нови случаи на кражби на македонски регистарски табилички од возила  кои биле на летување во соседна Грција, во летувалиштето Ханиоти.

Како што соопшти Министерството за внатрешни рботи станува збор за таблички од кумановско и струмичко возило.

– Практично, појавата на кражби или оштетувања на македонски регистарски таблички во Грција што зачести со почетокот на туристичката сезона продолжува.  Во изминатиот период заклучно со овие два случаи вкупно од страна на нашата гранична полиција евидентирани се 27 одземања на регистарски таблички од кои повеќето се украдени пред се во Ханиоти (12) и Неа Пори (5). На 18 возила им се украдени и двете регистарски таблички, а на останатите девет по една, стои во соопштението.

Од МВР наведуваат дека од вкупниот број случаи – 18 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Покрај ова регистрирани се и четири случаи на оштетувања на возила односно на задната табличка на возилото, при што со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случаи било напишано „ГР“.

Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од другите градови.

Би можело да ве интересира

Сотирис Минас: Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета никому, тие се дел од светското културно наследство

ВИДЕО: Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција