А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за кочанчанец за трговија со дрога

by А1он27/07/2013 - 12:44126
Share0

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Л. (28) од Кочани, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, при реализацијата на сучајот пронајдени се и одземени 670 грама наркотична дрога хероин.

Минатата недела, во средата (24.07.), околу 03,00 часот, во населба Ѓорче Петров на раскрсницата меѓу ул. “Панко Брашнаров“ и “Манчу Матак“ извршено е легитимирање на А.Л. кој бил со возило “Ауди А 6“ со скопски регистарски таблички. Кесата што ја спуштил покрај возилото пред да биде легитимиран со потврда за одземени предмети е одземена од пријавениот и предадена на вештачење при што е утврдено дека станува збор за наркотична дрога хероин со тежина од 670 грама.

Од извршените разговори дознаено е дека А.Л. пред неколку дена во Кочани, од непознато лице од Р. Бугарија купил неутврдени количини наркотична дрога хероин по цена од 1.500 евра. На 23. овој месец, откако претходно договорил купопродажба со лицето А.Н. од Скопје, тој со возилото “Ауди А 6“ дошол во главниот град. А.Л. се сретнал со А.Н. во населбата Ѓорче Петров и се договориле за хероинот А.Н. да му донесе на А.Л. 10 килограми марихуана и да му доплати уште 4.000 евра, по што се раздвоиле, а А.Л. останал да чека покрај возилото од каде е приведен.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, А.Л. веќе минува во евиденцијата на МВР на РМ за што досега му се поднесени три кривични пријави за сторени кривични дела “затајување“, “фалсификување пари“ и кривично дело по Законот за безбедност во сообраќајот.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он09/06/2026 - 20:5009/06/2026 - 20:38

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он06/06/2026 - 21:25

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он06/06/2026 - 15:11

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 11:00

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он28/05/2026 - 18:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто