Герасимовски: Состојбата на Водно ја решаваме заедно со граѓаните

Од:

На барање на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера вечер се одржа повторна средба со граѓаните од Водно, односно со жителите од улиците „Питу Гули“, „Козара“, „Салвадор Аљенде“ и околните улици.

Како што информираат од Општината, на средбата се разговарало за решавање на проблемите со новите градби на Водно и заштитата на парк шумата, при што градоначалникот им понуди општинска поддршка на претставниците на жителите преку целосен увид во документација од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 – Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

„На вечерашната средба со граѓаните на Водно, им понудив заедничка соработка и увид во документацијата за ДУП-от Ј 07, која ќе биде достапна за претставниците на жителите од овој дел од Центар. Нашиот заеднички интерес е заштита на зелениот појас и ние како општина, ќе сториме сѐ во рамки на можностите за да ги сопреме градбите кои се надвор од законот. Затоа и барам внимателна анализа и од страна на жителите. Исто така, на оваа средба ги повикав граѓаните да ја пријават секоја нова градба за која сметаат дека е надвор од законските прописи“, изјави Герасимовски.

Претставници на групата граѓани од Водно во текот на наредната недела ќе се сретнат со Герасимовски и општинските служби, со цел подетално и од прва рака да се информираат за градежните активности, но и за тековните состојби на падините на скопските бели дробови. Заедничката и директна комуникација со граѓаните носи подобри резултати и решенија во полза на сите засегнати страни. Од оваа причина, градоначалникот на Општина Центар иницира директни средби за брзи и конкретни решенија, соопштува Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он