Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 104 санкции, возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за технички неисправни возила. Изречени се две мерки за возач почетник, осум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 14 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, соопштува Министерството за внатрешни работи.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.