СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ниеден свој проект, ги партизираа општините и го кочат нивниот развој

Од:

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во првите два и пол месеци од мандатот освен што вршат партизација, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините. Не ги исполнија ветувањата пред граѓаните, нема ниту еден сопствен реализиран проект од нивната програма“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните сведочеа само на прекинување на проекти, кршење на закони, трошење народни пари на чоколади и сокови.

Данела Арсовска е прв пример за неработење. Освен што се прогласува за ненадлежна за се, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите месеци од мандатот.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бомбони, сокови и кроасани, наместо да направи нешто за граѓаните.

И тој како Арсовска се прогласи за ненадлежен за се, освен за трошење пари на граѓаните.

Кирил Пецаков ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани.

Ништо не сработеа ниту градоначалникот на Бутел, ниту на Кисела Вода. Градоначалник на Прилеп не знаеме ниту дали има ниту што работи.

Во секоја општина предводена од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа. Наместо проекти и решенија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат проблемите и го кочат развојот на општините.

Граѓаните не заслужуваат вакви неспособни и неодговорни градоначалници“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски