Сексуалното насилство во Франција е зголемено за 33 отсто во 2021 година, соопшти француското МВР. Овој раст, според министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, се објаснува со „слободата на говорот“ и „подоброто постапување на полицијата“, јави дописникот на МИА.
Во однос на 2020 година има зголемување на овој вид криминалитет од три отсто и за 12 отсто во однос на 2019 година.
Растот на пријави е особено зголемен „во контекст на слободата на говор и подоброто постапување на ваквите случаи од страна на полицијата“, анализира министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан во соопштението за печатот.
Процентот на стари дела меѓу извештаите за силување и сексуален напад е зголемен, посбено оние извршени врз малолетни жртви. Процентот на сексуално насилство извршено пет години пред да биде регистрирано е зголемен од 12 отсто во 2018 година, на 15 отсто во 2020 година и 19 отсто во 2021 година.
Показателите за криминалот во 2021 година имаа силен нагорен тренд, па така бројот на жртви на намерен напад и напад се зголемува за 12 отсто, а бројот на жртви на семејно насилство за 14 отсто. Кражбите врз луѓе, без насилство, се зголемени за пет отсто, по падот од 24 отсто во 2020 година.
Провалите од домови и кражбите на возила се на речиси сито ниво како и гоидната претходно,или околу 20 отсто.
Извор: МИА