Баербок во Бундестагот ја бранеше одлуката на германската Влада да не испраќа оружје во Украина

Од:

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, денеска силно го поддржа германското одбивање да се испрати оружје во Украина за одбрана од можната руска агресија.

Неподготвеноста на Германија да се приклучи на другите членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија и балтичките земји, предизвика чудење кај сојузниците и фрустрација кај прозападната украинска Влада во Киев.

Новата германска Влада на социјалдемократот Олаф Шолц најави дека работи на смирување на кризата, но го отфрли испраќањето смртоносно оружје, што е став и на поранешната влада на канцеларката Ангела Меркел.

Свртувањето за 180 степени по ова прашање треба да се направи само „со целосна свесност и пред сè без затворање на вратата, која во овој момент само рамковно повторно се отвори“, кажа Баербок пред пратениците во Бундестагот.

-Оној што зборува, не пука. Затоа, едноставно е погубно да се одбие продолжувањето на дијалогот, рече Баербок, мислејќи на новата размена на аргументи меѓу Москва и Вашингтон и вчерашните разговори меѓу украинските и руските политички советници во Париз.

Шефицата на германската дипломатија додаде дека Германија ја поддржува украинската армија, потсетувајќи на најавата на Берлин дека во земјата ќе испрати 5.000 борбени шлемови.

Украинскиот амбасадор ги одби шлемовите, изјавувајќи дека тоа е „чисто симболичен гест“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина