Санкционирани пет возила што вршат јавен превоз со неисправни сопирачки на територија на СВР Штип

Од:

Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници, информира МВР.

– За време на контролата биле констатирани 6 прекршоци, од кои 5 за неисправни уреди за запирање и 1 за недостатоци на опрема. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 28 останати прекршоци, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он