Полска денеска пријави рекордни 57.659 нови дневни инфекции на Ковид-19, соопшти полското Министерство за здравство, поради ширењето на сојот омикрон.
Полските власти најавија дека последниот бран на пандемијата ќе предизвика пораст на бројот на нови случаи на нивоа што се уште не се забележани во таа земја, односно на ниво меѓу 60.000 и дури 140.000 дневни инфекции, пренесува Ројтерс.
Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска на Твитер објави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, но дека се чувствува добро и дека должноста ќе ја извршува изолирано.