Маските за лице и пропусниците за Ковид повеќе не се законска обврска во Англија, откако денеска стапи на сила олабавувањето на правилата за Ковид.
Според британскиот министер за здравство, Саид Џавид, ваквиот развој на ситуацијата се должи на успешната кампања за вакцинација и подоброто разбирање на процесот на лекување на Ковид, пренесува Би-би-си.
Официјален портпарол на премиерот рече дека носењето маска сега ќе биде „прашање на лична проценка“.
Сепак, некои продавници велат дека ќе продолжат да бараат од луѓето да ги носат, а железничките оператори исто така рекоа дека очекуваат патниците да носат маски.
Меѓутоа, сите велат дека ќе ги поттикнат граѓаните да носат маски, но дека нема да ги тераат на сила.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан рече дека маските ќе останат задолжителни на услугите за јавен превоз во Лондон, повикувајќи ги луѓето „да ја направат вистинската работа“.
Некои други мерки преземени порано за справување со ширењето на сојот омикрон се укинати, вклучително и упатства за работа од дома и совети за носење маски во училниците во средните училишта.
Британската влада од денеска ги укина упатствата за употреба на маски за лице во заедничките простории на образовните институции.
Бројот на случаи на ковид во Обединетото Кралство се чини дека стагнира во последните денови, а најновите податоци покажуваат дека во последните 24 часа се регистрирани 102.292 случаи, што е сепак висок број на заразени.