Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот одлучија оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во градот.
„Вековната струмичка традиција – Карневалот продолжува оваа година. Тоа е моја и желба на Организациониот одбор, а и на струмичани. Оваа традиција не смее да има долга пауза затоа што ќе ги демотивира карневалските групи за изработка на маски и учество во карневалското дефиле“, рече Костадинов.