Најавеното стапување во сила на задолжителната вакцинација и лотаријата за вакцинираните не даваат резултати во Австрија, бидејќи бројот на дадени вакцини достигна негативен рекорд.
Пред два дена само 3.259 лица ја примиле првата вакцина, што е најниска вредност за вторник во минатата година.
Исто така, седумдневниот просек на дадени вакцини падна од 30.370 на 26.620.
Министерот за здравство Волфганг Микштајн очекува задолжителната вакцинација, која ќе стапи на сила на почетокот на февруари, да ја зголеми стапката на вакцинација на повеќе од 85 проценти.
Во моментов, 75,39 отсто од австриските граѓани примиле најмалку една доза од вакцината, 71,45 отсто од двете дози, а 48,13 отсто примиле бустер доза.