СДСМ: Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија во различни области кои носат придобивки за граѓаните од двете земји

Од:

„Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи. Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави“, соопшти СДСМ.

„Двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.

Ова е сериозен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји кој носи придобивки за двете земји.

Владата предводена од СДСМ во следниот период ќе се посвети на зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура, мобилност, дигитализација, брз проток на информации.

Со ваквиот пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе се продлабочи соработката, туку и ќе се најде заедничко прифатливо решение за отворените прашања.

Убедени сме дека во духот на европските вредности, зачувувајќи го нашето достоинство ќе најдеме решение за отворените прашања со што ќе се надминат пречките за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на обезбедување европска иднина и засилена соработка со нашите соседни земји“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата