Јоханис: Романија е подготвена за поголемо присуство на НАТО во земјата

Од:

Романија преговара со САД и Франција за начините за зголемување на бројот на војници во земјата и подготвена е за зголемено воено присуство на НАТО, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис.

Американското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека околу 8.500 американски војници се ставени во состојба на зголемена готовност и дека чекаат наредба за распоредување на источното крило на НАТО, доколку Русија ја нападне Украина. Франција, исто така, понуди да испрати повеќе војници доколку е потребно.

-Постојано велев дека сме подготвени да бидеме домаќини на зголемено сојузничко присуство на нашата територија, рече Јоханис.

„По најавите на САД и Франција, ние сме во контакт со двата сојузника за воспоставување конкретни начини за реализација на нивното воено присуство.

Јоханис ова го изјави по состанокот на романскиот Врховен совет за одбрана, одржан откако Русија натрупа повече десетици илјади војници во близина на границата со Украина. Тој додаде дека дипломатските разговори се клучни за деескалација на тензиите.

-Советот за одбрана денеска го оцени потенцијалното влијание на конфликтот врз бизнисот и енергетскиот и банкарскиот сектор, рече Јоханис.

Оваа земја членка на ЕУ и НАТО, исто така, се подготвува за потенцијален прилив на бегалци од Украина, со која ја дели границата долга 600 километри.

НАТО има мултинационални копнени сили до 4.000 војници во Романија, која е членка на Алијансата од 2004 година. САД, исто така, имаат војници стационирани во посебни бази во Романија и Бугарија.

-Сегашната криза уште еднаш докажува дека… консолидирањето на сојузничкото присуство на источното крило, вклучувајќи ја и нашата земја, е многу важно, рече Јоханис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он