Американските компании бараат исклучоци во случај на нови санкции против Русија

Од:

Трговската организација која ги претставува интересите на Chevron, General Electric и другите големи американски компании со бизнис во Русија, испрати барање до Белата куќа да даде можност за дополнително време тие да можат да ги исполнат своите обврски и да се исклучат некои стоки при разработката на санкциите поради дејствата на Русија против Украина.

Националниот совет за надворешна трговоја на САД, при разработката на санкциите побара и дополнително време за компаниите за завршување на нивните дејности.

Џејк Колвин, претседател на Националниот совет за надворешна трговија, истакна дека Администрацијата на Џо Бајден и Конгресот треба „исправно да изработат детаљи во случај на реализација на заканата со санкции“, соопштија некои американски медиуми.

-Тие детаљи треба да вклучат разгледување на прашања за „тихи оази“ или период за завршување на дејностите, за да им се дозволи на команиите да ги исполнат суштествените контракти и обврски, а исто така да се предвидат такви исклучоци како лекови од животна важност и други моменти од хуманитарен карактер а соодветно со дамнешната политика на САД, истакна Колвин.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина