Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Од:

Романија постави апсолутен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, објавија локалните медиуми.

Група за стратешки комуникации соопшти дека бројот на нови случаи за едно деноноќие изнесува 34.255. Во земјата вчера, исто така, беше постигнат рекорд од 19.685 новозаразени. Во изминатите 24 часа се пријавени 94 смртни случаи како последица на коронавирусот..

Во Хрватска, неофицијално, во изминатите 24 часа е забележан нов црн рекорд според бројот на заразени – вкупно 18.517 лица. Последен пат најмногу инфицирани случаи биле регистрирани на 20 јануари – 17.489.

Според хрватските медиуми, 11.812 новозаболени лица биле потврдени на ПЦР тестови, а 6.705 заразени лица биле потврдени со брзи антигенски тестови.

Во Словенија во последните 24 часа со ПЦР тестирање се потврдени повеќе од 17.000 нови инфекции, што е најголем број заразени случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Потврдени се 17.092 инфекции, што е за 4.799 повеќе од пред седум дена. Тоа е и повеќе од најголемиот број дневни инфекции досега, во неделата кога имаше 13.911 новозаболени.

Медиумите пренесуваат загрижувачки податоци од болниците во кои коронавирусот се проширил речиси во сите оддели, како и зголемен број на заразени меѓу медицинскиот персонал кој се повеќе останува во изолација или е инфициран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Новиот сој корона поради кој се враќаат маските е потврден во Словенија, се шири како молња

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Словенија укинува речиси сите антиковид мерки

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Во Словенија повторно над 10.000 заразени, врвот на бранот се очекува на почетокот на февруари