Палмите на Вардар „облечени“ во ќеси за да не замрзнат

Од:

Палмите на кејот на Вардар добиваат заштита од ниските температури. Деновиве од Јавното претпријатите „Паркови и зеленило“ ги обвиткуваат палмите со ќеси за да не се исушат поради големиот студ.

– Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар поради најавата за уште пониски минусни температури, се вели во информацијата од Јавното претпријатие.

Палмите кои се насадени во Скопје би требало да издржуваат и до минус 14 степени Целзиусови.

Дел од палмите кои беа насадени во 2015 година, угинаа или се исушија, на кејот на Вардар остана уште мала бројка од овие тропски растенија.

Би можело да ве интересира

УНЕСКО чека, градоначалникот на Охрид се фати за палмите

Кристијан Ландов

ФОТО: Што се можеше да се направи со парите за палмите?

Ана Ололовска

ФОТО: Палми и во Ново Лисиче

Ана Ололовска

Караџовски: Неколку палми се во фаза на исушување, ама не се исушени

Емир Латифовиќ

ДОМ: Заштита од „палмизација“ на Охрид

Поповска: Кој е мотивот стотици палми да се засадат во Македонија?

Емир Латифовиќ