Бајден се заканува со санкции лично против Путин ако Русија ја нападне Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.

На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно.

Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници нема да бидат распоредени во самата Украина.

САД генерално се воздржуваат од воведување санкции за странски лидери, а поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за венецуелскиот претседател Николас Мадуро во 2017 година и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во 2019 година.

И Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс.

На прашањето за можни санкции против Путин, Трус за британски „Скај“ изјави: „Ништо не исклучуваме“.

– Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо, изјави Трас. Таа додаде дека Велика Британија доставува одбранбено оружје на Украина.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он