Словачката телевизија ТА3 објави документ според кој можни причини за неодамнешното разрешување на словачкиот архиепископ Роберт Безак е тоа што носел фармерки и се дружел со луѓе со „сомнително“ хомосексуално минато.
Доколку документот е автентичен, се потврдуваат шпекулациите дека Ватикан го отповика свештеникот заради неговото либерално однесување.
Вашата екселенција во цивил се појавува во фармерки и кошули со што им се потсмева на свештениците, се вели во дописот до Безак од Ватикан.
Ватикан е уверен дека словачкиот архиепископ во својата околина имал соработници со сомнително минато, меѓу кои свештеници хомосексуалци или такви кои имале деца.
Исто така, на Безак му било забележано дека себеси се сметал за модерен бискуп и докажан либерал и во јавноста го употребувал изразот „Г-дин Папа“, а останатите словачки бискупи ги сметал за „стари и уназадени“
Словачката јавност смета дека зад разрешувањето на Безак стои неговото критичко мислење за внатрешните односи во католичката црква.