(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ТИ потврдува, имаме сериозен напредок во борбата против корупција

Од:

„Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места. Се наоѓаме на 87 место, во 2020 година бевме рангирани на 111“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„За 2021 година Северна Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35.

Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години.

Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

„Државата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.“ стои во Извештајот.

Позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, развиен во консултација со граѓанското општество – кој вклучуваше експлицитни мерки за борба против организираниот криминал, реформи во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот влијанието во практиките за вработување на јавни места.

Ова почитувани, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.

Продолжува процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводиме остануваме посветени на бескомпромисна и неселективна борба против секаков вид на корупција и криминал“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он