Советодавниот одбор на израелската влада препорача да се понуди четвртата доза од вакцината против коронавирус на сите возрасни лица, под услов да се поминати најмалку пет месеци од примањето на третата доза, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја.
Во соопштението на министерството се вели дека препораката е заснована на студија која покажала дека луѓето кои ја примиле четвртата доза од вакцината биле три до пет пати позаштитени од развој на потешки форми на болеста и двојно побезбедни од инфекција од оние кои примиле третата доза, јави Ројтерс.
Новата мерка, која досега беше ограничена на лица над 60 години и други високоризични групи, е предмет на одобрување од генералниот директор на министерството. Според извештајот на британската агенција, не се знае кога мерката би можела да стапи на сила.