Пилот на американски авион скокнал при слетување на носач, повредeни седум морнари

Од:

Вкупно седум припадници на американската морнарица се повредени на носач на авиони откако пилот на борбен авион бил принуден да скокне од леталото поради проблем со слетувањето.

Инцидентот се случил за време на вежба во Јужното Кинеско Море кога американскиот борбен авион F-35 C Lightning II се обидувал да слета на носачот на авиони USS Carl Vinson по рутински лет.

За да се спаси, пилотот морал да скокне од авионот и бил спасен со хеликоптер, но седуммина морнари биле повредени на носачот. Тројца се пренесени во болница на Филипините, но се во стабилна состојба. Останатите четворица морнари се полесно повредени и останале на носачот на авиони.

Морнарицата почна истрага за да се утврдат причините за инцидентот.

Суперносачите USS Carl Vinson и USS Abraham Lincoln изведувале вежба во Јужното Кинеско Море кога се случил инцидентот. Вежбата е спроведена во време на високи тензии меѓу САД и Кина. Официјални претставници на морнарицата рекоа дека вежбите „ја покажуваат способноста на морнарицата да демонстрира голема моќ и да поддржи слободен и отворен Индо-пацифички регион“.

Пекинг има територијални претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море и редовно ги означува операциите на Вашингтон како кршење на неговиот суверенитет. Други земји како Виетнам, Малезија, Брунеи и Филипините, исто така, имаат право на острови во спорниот воден пат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина