161 санкциониран возач во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни возила. Изречени се осум мерки за возач почетник, 13 санкции за зборување на мобилен телефон, четири мерки за некористење на сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, соопштува МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава