Бебињата меѓусебно се разбираат

Од:

Возрасните можеби не можат да разберат што сакаат бебињата со своето плачење или смеење, но тие меѓусебно совршено се разбираат.

Возрасните сметаат дека е тешко да се разберат чувствата на малото дете, посебно на бебињата. Меѓутоа новата студија на Универзитетот Бриган Јанг од Јута, утврди дека бебињата лесно се снаоѓаат на ова поле и оти тие ги препознаваат чувствата на своите другари.

Резултатите од студијата, која ја предводеше професорот по психологија Рос Флом покажуваат дека бебињата почнуваат да ги разбираат емоциите на другите бебиња уште од пет месеци.

Од шестиот месец бебето може да ги препознае чувствата на блиските возрасни лица, додека по седмиот месец ги препознава емоциите и на останатите возрасни лица.

Со оглед на тоа дека бебињата не можат на родителите да им ги кажат своите потреби, тие учат да комуницираат со емоции.

Ова научниците ги довело до хипотезата дека бебињата можат на воочат одредени промени во чувствата во раниот период од развојот.

Истражувањето покажало дека бебињата од пет месеци можат да ги почувствуваат позитивните и негативните емоции на другите бебиња.

Бебињата во овој период комуницираат со глас и гримаси и од таа причина е лесно ги препознаваат и чувствуваат емоциите на другите бебиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска