А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчките гранични служби вратиле Македонец со американски пасош

by А1он26/07/2013 - 17:41225
Share0

Грчките гранични служби задржале, а потоа вратиле Македонец, кој има и американско државјанство од границата. Оставени без било какво образложение или можност да се обратат до Aмериканската амбасада, во семејството на Џемаил Рамуш се сомневаат дека причина е тоа што во пасошот како родно место е наведена Струга – Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Мојот вујко пред десетина дена патуваше со неговата сопруга преку Истанбул и Грција, од каде сакаа да продолжат до Македонија. На аеродромот му кажале дека не може да влезе. Го задржале во притвор половина час, а потоа му се заканиле дека ќе го затворат ако не се врати назад во Турција, што тој морал да го стори. Не му дале никакво образложение. Му кажале само дека Грција не ја признава Македонија, но неговата сопруга, која патувала со македонски пасош ја пуштиле, вели Мемет Рамуш, внук на вратениот американски државјанин.

Мемет Рамуш вели дека семејството се обратило до Грчката и до Македонската амбасада во Вашингтон, но од Грците не добиле никаков одговор или образложение поради што дошло до овој инцидент. Американската амбасада во Атина препорачала доколку повторно имаат проблеми, да им се обратат на самото место. При задржувањето на Џемаил Мемет, грчките полицајци воопшто не му дале време и не му дозволиле да се обрати до амбасадата на САД во Атина.

grcijamakedonija

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он05/10/2026 - 10:11

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 14:50

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 13:48

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 12:5804/10/2026 - 12:59

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:0304/10/2026 - 11:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео