Овошјето и зеленчукот е најдобро да се конзумираат кога им е сезоната, бидејќи само тогаш нивните здравствени потенцијали можат целосно да се искористат.
Пиперката има ниска калориска вредност и е богат извор на витамин Ц, како и лутеин и зеаксантин – два антиоксиданса кои имаат важна улога во превенција на катарактата, како и болести на средниот дел од мрежницата.
Научниците откриле дека овие две супстанци дури 79 отсто го намалуваат ризикот од појава на очни болести кај лицата со висока стапка на ризик.
Лутеинот и зеаксантинот припаѓаат на групата каротеноиди – пигменти кои на пиперката и даваат жолта и црвена боја, а ги има во мрежницата, која ја штитат од негативните влијанија на светлината.
Пиперката во текот на сезоната треба секојдневно да се конзумира, пред се во свеж облик, но и обработена.