(ВИДЕО) Кузеска: На граѓаните им требаат мерки и решенија, не предвремени избори

Од:

„Уште еднаш ќе го повториме нашиот јасен став дека барањата и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неискрени и претставуваат едно условување и се одраз на нивниот страв како што кажавме и од работата на градоначалниците коишто во изминатиов период видовме многу јасно дека не се спремни да одговорат на потребите на граѓаните и дека не знаат да раководат со општините коишто ги доби ВМРО-ДПМНЕ“, одговори портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска на новинарско прашање.

„Како на пример, јас би посочила неискрената намера каде можеме да ја забележиме на ВМРО-ДПМНЕ е дека тоа е партијата којашто во изминатиот период ако се сеќавате ги блокираше предлог измените во изборниот законик во однос на една изборна единица со околу 3 илјади амандмани, а деновиве гледаме дека тоа е партијата која со притисоци и со закани, со уцени се обидува да врши притисок врз помалите партии коишто се во коалиција со СДСМ.

СДСМ уште днаш повторува дека е против предвремени парламентарни избори и сметаме дека оваа Влада ќе биде Влада до 2024 година затоа што граѓаните и тоа го заслужуваат, односно заслужуваат пред нив да се однесуваме одговорно и да одговориме секако на сите предизвици коишто се во однос на енергетската и здравствената криза“, додаде Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он