СДСМ: Дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се демантирани, токму оваа партија се обидуваше да ја опструира акцијата „Двојник“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, како потврден креатор на лажни вести уште еднаш, по којзнае кој пат е демантирано. Дезинформациите пласирани од Белата плата дека на лице кое правело заговор за атентат врз српскиот претседател му бил издаден македонски пасош се демантирани од Министерството за внатрешни работи“, реагира СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ има информции дека конкретното лице има македонска патна исправа со друго име, нека ја сподели со инситуциите, но поважно ќе биде да соопшти од каде таа партија има информации кои ги немаат ниту Интерпол ниту Европол

ВМРО-ДПМНЕ во текот на полициската акција „Двојник“ правеше неуспешни обиди да ја саботира, пласирајќи информации, додека акцијата беше во тек.

Свесно со лаги и манипулации ја загрозуваа истрагата. Но не успеаја.

Случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда