Трајановски се сретна со претставници на земјите кои му помогнаа на Скопје по земјотресот

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска се сретна со претставници од збратимените градови и земјите кои му помогнаа на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

– Изразивме благодарност за помошта што му е дадена на Скопје, се потсетивме на земјотресот во 1963-та, зборувавме како градот изгледал пред тоа, како се развиваше потоа, во последниве години и како ќе се развива понатаму, изјави Трајановски по средбата.

Масовното присуство на странските претставници, јасно покажа, додаде, дека Скопје не е заборавен град.

– Ние се сеќаваме на нивната помош, а тие дека помогнале во обновата на градот што ми е особено драго, истакна Трајановски.

По повод 50 години од земјотресот скопскиот градоначалник претходно положи цвеќе пред споменикот на загинатите на Градские гробишта Бутел, како и на официјалното отворање на Центарот за управување и контрола на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината

Земјотрес ја погоди Бања Лука: Потресот е почувствуван во неколку градови

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот е во близина на границата со Еквадор

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во Романија