Незагарантираните депозити во „Банката на Кипар“ ќе бидат намалени за 45 проценти

Од:

Меѓународните кредитори се согласија незагарантираните депозити во „Банката на Кипар“ да бидат намалени за 45 проценти, јавија кипарските медиуми.

Се очекува во текот на денот ваквата одлука и официјално да ја соопшти Министерството за финансии на Кипар.

Намалувањето е во согласност со резултатите од независната контрола на активите на „Банката на Кипар“ по префрлањето на „добрите“ активи од „Кипарската народна банка“, која е во процес на ликвидација.

Претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд од 17 јули испитуваат дали Кипар ги исполнил условите за доделување на кредит од 10 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ