Румен Радев: Инсистирањето на Русија е неприфатливо

Од:

Инсистирањето на Русија за повлекување на силите на НАТО од Бугарија е неприфатливо и бесмислено. Во Бугарија нема постојани сојузнички контингенти и воена опрема, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во посебен став за барањето на Русија НАТО да се повлече од Бугарија и Романија.

Според Радев, суверената одлука за такво постојано присуство или привремено распоредување и припаѓа на Бугарија, во согласност со сојузничките обврски на земјата.

– Бугарија не прифаќа ултиматуми од никого, дециден е Радев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија