ФОТО: Дивиот „Бувљак“ под Кале конечно исчистен

Од:

Општина Центар, веќе три дена го расчистува дивиот пазар на стари работи кој се наоѓа под Скопското Кале.

Овој див пазар е во непосредна близина на Царинската управа и базенот Плаја Виста.

На отпадот, шутот и непријатната миризба, неколку пати до сите надлежни реагирала Царинската управа.

podkale-deponija (2)

Страшна беше глетката на  расфрлени стари работи, шприцеви, јамболии, теписи, електрични апарати, искината облека и обувки, но цели 5 години никој не се погрижи да се расчистат овие диви депонии, кои се жариште и непосредна опасност за секакви заразни болести.

podkale-deponija (5)

Акцијата, општина Центар ја реализира со две градежни машини-утоварувачи, три 10-тонски камиони и два помали камиони, а 50-тина работници го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот.

podkale-deponija (3)

Станува збор за површина од 10.000 метри квадратни, од која досега се собрани над 200 метри кубни отпад, кој се носи на депонијата Дрисла.

Општина Центар ги информира сите граѓани дека овој простор ќе биде затворен за секакви активности и движење.

podkale-deponija (4)

Веднаш по почнувањето на акцијата голем број граѓани ги поздравија овие активности, а особено Царинската управа, пред чии порти со години стоеше расфрлен отпад.

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски