Во Скопје приведен неготинчанец кој бил баран со потерница

Од:

Приведен е криминалец од Неготино кој бил баран со потерница за казна затвор од две години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (20.01.2022) во 15.10 часот на бул. Х.Т. Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е А.С. (26) од Неготино, кој бил баран со потерница од Основен суд Неготино за издржување на затворска казна во траење од две години. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он