Бајден вели дека евентуален влез на руска војска во Украина ќе се смета за „инвазија“

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили во Украина ќе се смета за инвазија. Бајден на прес-конференцијата посочи дека Русија ќе плати висока цена во случај на руска инвазија врз Украина и дека САД подготвиле пакет санкции што ќе им бидат воведени доколку тоа се случи.

– Доколку кои било руски воени единици се придвижат преку украинската граница, тоа ќе биде инвазија, изјави Бајден, додавајќи дека бил „апсолутно јасен“ со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Тоа ќе биде дочекано со строг и координиран економски одговор за кој детално разговарав со нашите сојузници, како и многу јасно изложен на претседателот Путин.

– Русија ќе плати висока цена, нагласи тој на прес конференција.

Руските власти претходно денеска соопштија дека предупредувањето на претседателот Бајден за можни разорни последици доколку Русија тргне кон Украина нема да помогне да се намалат тензиите, туку може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ