Чанак ќе го интернационализира статусот на Војводина

Од:

Лидерот на ЛСВ Ненад Чанак вели дека по одлуката на Уставниот суд со која беа оспорени надлежностите на Војводина, ќе започне интернационализација на прашањето за Војводина.

„Недвосмислено ни е порачано дека Војводина повеќе не може да издава ни дозволи за риболов. Ние сега мора да се браниме, а со оглед дека нашите права овде нема кој да ги заштити, интернационализацијата на прашањето за Војводина е неминовна“, рече Чанак во интервју за новосадскиот весник Дневник.

„Само после еден и тоа недовршен круг од изборите, бидејќи новата влада сеуште не е формирана, веќе се демонтира сето она што макотрпно се создаваше 12 години. Е тоа, нема да може“, рече Чанак.

Тој вели дека на изборите не ветувал ништо, само свирел на тамбура.

„И на неа ја отсвирив песната „Млада Војвоѓанка“. А старата пословица вели: Кој не ја слуша песната, ќе ја слушне олујата“, рече Чанак.

Според него, очигледно е дека во Војводина во големо мнозинство живеат луѓе кои не се согласуваат со исчезнување на спрецифичностите на покраината.

Ставовите за сепаратизам во Војводина ги нарече „будалаштини“.

Во Војводина живеат 25 национални и етнички заедници од кои најголема е српската со околу 65 проценти.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации