Кина, Русија и Иран утре почнуваат заеднички поморски вежби во Индискиот Океан

Од:

Кина, Русија и Иран утре ќе одржат заеднички поморски вежби, изјави денеска Мустафа Тајолдин, офицерот за односи со јавноста на иранската војска.

-Воената вежба „Поморски безбедносен појас 2022“ ќе се одржи во северниот дел на Индискиот Океан, а тоа е трета заедничка поморска вежба на трите земји, изјави Тајолдин за иранската агенција ИСНА.

Откако дојде на власт во март минатата година, иранскиот тврдокорен претседател Ебрахим Раиси води политика на продлабочување на односите со Кина и Русија.

Техеран се приклучи на Шангајската организација за соработка во септември, чии најистакнати членки се Кина и Русија.

Иранскиот шеф на дипломатијата, Хусеин Амирабдулахиан, ја посети Кина минатата недела, додека иранскиот претседател во четвртокот се состана со неговиот руски колега во Москва.

Кина, Русија и Иран од 2019 година почнаа да изведуваат заеднички поморски вежби и тоа ќе продолжат да го прават и во иднина, рече Тајолдин.

-Целта на оваа вежба е зајакнување на безбедноста и нејзините темели во регионот, како и проширување на мултилатералната соработка меѓу трите земји за заедничка поддршка на светскиот мир, поморската безбедност и создавање на поморска заедница на заедничка иднина, изјави иранскиот официјален претставник за ИСНА.

Поморските вежби ќе вклучуваат, меѓу другото, обука за спасување на запален брод, ослободување на киднапиран брод и ноќно пукање во воздушни цели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија