Американската војска објави видео од напад со дрон во Кабул во кој по грешка беа убиени 20 цивили меѓу кои и седум деца.
Според тоа што се гледа на снимката, дронот следи бело возило кое се движи низ улиците на Кабул, застанува на одредиштето, се вклучува ласер и потоа следи експлозијата. Потоа се гледа дека дронот кружи над местото на настанот уште неколку минути.
Пентагон првично го бранеше нападот тврдејќи дека се работело за оперативци на ИСИС кои планирале напади на американските сили во последните денови од евакуацијата.
По три седмици, војката сепак призна дека се работело за грешка и дека животот го загубиле повеќе цивили. По повторна проверка било заклучено дека никој не треба да одговара за грешката.
Снимката беше објавена на барање на „New York Times“ кој се повикал на законот за слобода на пристап до информации.