Американските сили во воздушни напади убиле илјадници цивили тврди „Њујорк тајмс“

Од:

Американските напади со беспилотни летала во Ирак, Авганистан и Сирија се обележани со „погрешни разузнавачки податоци“ и резултирале со илјадници цивилни жртви меѓу кои и жени и деца, објави Њујорк тајмс.

весник анализата ја заснова на доверливи документи на Пентагон за повеќе од 1.300 напади со цивилни жртви и целосно го поткопува тврдењето за „чиста војна“ со прецизни војни.

Станува збор за напади со беспилотни летала врз џихадистички групи во Авганистан, Ирак и Сирија од 2014 година.

Иако неколку случаи за кои пишува Њујорк тајмс се веќе познати, весникот наведува дека признатиот број на цивилни жртви на американските воздушни напади е „драстично премал“.

Се истакнува дека за ниеден напад со цивилни жртви не е спроведена никаква „дисциплинска акција“.

Тајмс, на пример, пишува за напад на три наводни исламистички групи во северна Сирија. Првите извештаи јавиле за 85 убиени џихадисти. Во реалноста, биле убиени 120 селани.

Вториот пример е нападот на Рамади во ноември 2015 година, откако разузнавачите јавиле за „маж кој влече тежок предмет“ кон позициите на Исламска држава. „Тешкиот објект“, како што се покажало, било дете, кое било убиено во нападот.

Неодамна американската војска морала да го повлече тврдењето дека во возило кое во август го уништиле со дрон во Кабул имало бомби. Станувало збор за десет члена на едно семејство, вклучувајќи деца.

Американските воздушни напади во овие земји станале значително почести во последните години од мандатот на Барак Обама бидејќи јавната поддршка на бесконечните американски војни на терен рапидно опаѓала.

Обама и Пентагон тврдеа тогаш дека користењето беспилотни летала претставува најпрецизна воздушна кампања во историјата и дека бројот на цивилните жртви ќе биде минимален.

Во петгодишниот период американските сили извршиле над 50.000 воздушни напади во Авганистан, Ирак и Сирија.

Во составувањето на извештајот новинарите на Њујорк тајмс посетиле повеќе од стотина места со цивилни жртви и разговарале со десетици преживеани. Документите, пак, ги добиле од Пентагон според законот за право на информирање од 2017 година.

Би можело да ве интересира

САД ги повлекуваат речиси сите војници од Украина

Катерина Ѓуровски

Инвазија на Русија на Украина ќе предизвика ужас предупредува американски генерал

ВИДЕО: Објавена снимка од напад со дрон во Кабул во кој беа убиени 20 цивили

Катерина Ѓуровски

Нема санкции за американските војници за нападот со дрон во Кабул во кој загина 10 цивили

САД не размислуваат за испраќање војска во Украина

Катерина Ѓуровски

Во Драч вплови првиот од трите американски воени брода пред големата поморска вежба

Жарко Настоски