Молиќај: Решение за споровите меѓу Косово и Србија е редефинирање на границите

Од:

Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај, вели дека новото исцртување на границите меѓу Косово и Србија е решението кое ќе доведе до конечна спогодба за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставувајќи го вчеравечер „Манифестот на ПСД“ на телевизијата Клан Косова, Молиќај кажа дека конечниот косовско-српски договор, што му е „потребен на целиот регион“, треба да „подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија“.

– На Косово му треба договор и тој му е потребен на целиот регион. На повидок се три можности: да се продолжи статус кво-то, што би претставувало регрес; второ, постигнување договор што ќе ја подразбира Заедницата на српски општини во Косово, што е нефункционално и подразбира продолжување на конфликтот; и трето е редефинирањето на границите и тоа подразбира дефинитивно раздвојување и меѓусебно признавање меѓу двете држави. Тоа подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија, изјави Молиќај.

ПСД, партија која се формира во мај 2018 година од незадоволни пратеници и членови на раководството на сега владејачкото Движење самоопределување на премиерот Албин Курти, верува дека „новото исцртување на границите (меѓу Косово и Србија) претствува решение за траен мир“.

– Тоа е можност за конечен договор, во чиј центар ќе биде еднаквоста и волјата на народот, изјави Молиќај.

Тој ја критикуваше владата на Курти за односот што го има во процесот на дијалогот со Србија, оценувајќи го нејзиниот дискурс кон Србија како „воинствен и осветнички“.

– Пристапот на новата влада е многу застарен. Нејзиниот дискурс е да се подготвиме за новиот напад, наместо да дискутираме за мир. Имаме воинствен и осветнички дискурс кон Србија… Таквиот пристап не носи ниту соработка, ниту добросостојба. Но, ние не ни очекувавме нешто од оваа влада, изјави Молиќај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово