По поднесувањето иницијатива за промена на актуелната власт во Црна Гора, веднаш реагираа бројни политичари, но и актуелните министри.
Не е јасно кој е организатор на собирот пред Владата во Подгорица. Медиумите пренесуваат дека се поддржувачи на премиерот Здравко Кривокапиќ.
Иницијативата за гласање доверба на Владата на Црна Гора ја потпишаа 31 пратеник, од потребните 27, меѓу кои и дел од пратеници на ДПС на Мило Ѓукановиќ.
Izdaja, nego šta ?
Podgorica trenutno pic.twitter.com/oJrdLEFiIV— ketrine (@KetrineInEksn) January 19, 2022
Нејасно е дали ќе успее гласањето за недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ.
Иницијативата дојде откако коалицијата „Црно на бело“, предводена од Абазовиќ, побара формирање малцинска влада, во која нема да бидат членовите на Демократскиот фронт и опозициската Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ.