Голем број граѓани денеска се собраа на брегот на Врбас за да го проследат традиционалното капење за светиот крст, во кое меѓу 33 млади момчиња учествуваше и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
Покрај пливањето и победникот, пливањето за светиот крст го одбележа и повредата на градоначалникот на Бања Лука.
Имено, тој откако испливал на брегот излегол со крваво стапало кое очигледно го исекол. Станивуковиќ бил згрижен од екипа на Брза помош која била на лице место.
– Градоначалникот на Бања Лука се здоби со полесни повреди на стапалото. Откако го згрижија медицинските работници, тој се врати на ручек со други капачи – изјавија неговите соработници.