Шведскиот уметник Хер Нилсон, автор е на серијата графити под наслов „Мрачни принцези“, кои убавиците од анимираните филмови на Дизни ги прикажува во поинакво светло.
Снежана, Пепелашка и Заспаната убавица и понатаму носат елегантни фустани, но како додаток овој пат имаат ножеви и пушки.
– Заради децата во последно време сум опкружен со играчки и цртани филмови. Забележав дека женските ликови се изградени врз стереотипи и се многу предвидливи. Од принцезите на Дизни сите очекуваат да бидат нежни, чесни и убави. Да сум на нивно место, јас би реагирал, а заради тоа тие и го прават тоа во мојата верзија, рече за „Блиц“, Хер Нилсон.
Неговите графити ја красат зградата во Стокхолм каде меѓу другото можете да ја видите Снежана со револвер, Пепелашка со нож позади грбот и Заспаната убавица како чека зад аголот држејќи пушка.
Според зборовите на Нилсон, на неговите сограѓани графитите воглавно им се допаѓаат и ги веселат, иако има и такви кои се лутат кога ќе ги видат.
– Најмногу сакам кога мојот цртеж ќе ги поттикне луѓето на разговор за уметноста или насилството меѓу децата, истакнува уметникот.
Авторот кој професионално се занимава со визуелна комуникација и графички дизајн, рече дека за еден цртеж му е потребно околу два часа. На негова жалост, властите во Шведска никако не ги толерираат графитите, па се случува уметничките дела да бидат бојадисани веќе наредниот ден.