СДСМ: Отворен е нов прозорец на соработка и пријателство помеѓу С. Македонија и Бугарија

Од:

„По вчерашната посета и средба помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија напревен е првиот исчекор, отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу двете земји, којшто веруваме дека ќе резултира со поддршка на нашата евроинтеграција“, соопшти СДСМ.

„Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на соработка, пред се во економијата, инфраструктурата, трговијата и деловната соработка.

Во оваа насока е и воспоставувањето работни групи во повеќе области, во економијата, инфраструктурата, трговијата, културата, образованието кои значат за граѓаните, за нивната иднина, но се особено важни за младите.

Република Бугарија се согласи да ја користи кратката верзија на уставното име, подеднакво како и долгото име за што веќе ја има известено и Организацијата на обединетите нации.

Отстранувањето на ова прашање од процесот на разговори преку усогласен и пријателски однос од двете страни преставува прв голем чекор од новото поглавје на односите помеѓу двете соседни земји“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата