На дебелите њујорчани ќе им се дели овошје и зеленчук на рецепт

Од:

Сиромашните дебели њујорчани отсега во лекарската ординација ќе можат да добиваат бонови за овошје и зеленчук, кои ќе можат да ги трошат во 140 њујоршки продавници.

Целта на иницијативата е да им се помогне на семејствата со слаба финансиска состојба, на кои поради високите цени често им е недостапна здравата храна, и затоа често посегаат по евтината „брза храна“.

Пациентите ќе бидат во можност да добијат ваучери за сите членови на своето семејство во противредност од еден долар дневно по лице во текот на најмалку четири месеци.

Овие рецепти ќе се обновуваат во болниците, каде на дебелите луѓе ќе им биде проверувана телесната тежина и каде ќе можат да добијат стручни совети за здравата исхрана.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава